Ако ви се најавија гости, а немате ништо слатко во куќата, не паничете, веднаш направете вкусни колачиња со лешник!
Колачињата се секогаш добро решение, без разлика дали сакате нешто слатко и крцкаво или сакате да послужите некого. Нема да ви одземат многу време за подготовка, а многу брзо во вашиот дом ќе имате домашно слатко.
Состојки:
150 гр мелени печени лешници
300 гр јако брашно
150 гр шеќер
200 гр путер
една лажичка прашок за пециво
јајце
Подготовка:
Направете го тестото од сите состојки. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер, околу половина час. Од тестото направете топчиња со големина на ореви и наредете ги во плех, претходно обложен со хартија за печење. Секое топче малку израмнете го за обликот на топката да добие форма на колаче. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете ги колачињата во загреана рерна околу 10 минути.