Киселите краставички одлично прилегаат во сендвичите и го подобруваат вкусот на бројни салати.
Проширете ги вашите хоризонти па во своите кулинарски дела вклучете ја и киселата течност во која се чуваат. Наместо да ја истурите во одводот, истурете ја во омилениот оброк или коктел.
Течноста од киселите краставички е богата со електролити па можете да ја испиете без дополнителни додатоци и така да ја повратите силата и дел од вредните елементи кои сте ги изгубиле со потењето од напорниот тренинг.
Овој сок од кисели краставички можете да го сметате како нежна киселина со која можете да ги зачините зелените салати, салатата од компир и тврдо варените јајца.
Течноста можете да ја додадете во јогурт и да направите дресинг за салата или да ја искористите за маринада за месо.
Налијте малку од киселината врз парчиња кромид. Така ќе ги омекнете овие плодови, ќе ја намалите нивната лутина и ќе ги приготвите како додаток за комплесни зеленчукови салати.
Киселата течност можете да послужи за правење необични коктели. Сокот од кисели краставички можете да го додадете во мартини, наместо маслиново масло кое обично се става во „Валкано мартини“, или да го „пресечете“ вискито.
На крајот од краиштата, сокот од кисели краставички може да биде одличен лек против мамурлак.