Кога не знаете што да појадувате, започнете го денот со една од најздравите опции – овесна каша. Тие можат добро да ве заситат, а благодарение на јаглехидратите ќе ги задоволат потребите на оние кои се физички активни наутро.
Овесната каша од цело зрно е лесно достапна, многу прифатлива со цената, неутрална по вкус, лесно се комбинира, а во исто време и многу хранлива.
Богата со растворливи влакна и протеини, овесната каша е совршено решение за оброк, бидејќи ви овозможува да се чувствувате сити и до неколку часа.
Сега кога знаете зошто овесната каша е идеален појадок, време е да го подготвите.
За оваа овесна каша ќе ви требаат следниве состојки:
40 грама овесни снегулки
150мл вода
1 лажичка мед
100 грама боровинки
1 банана
една рака бадеми
Во тенџере сипете ја водата, а кога ќе почне да врие додадете ја овесната каша, па варете уште три до пет минути.
Пред самиот крај додадете го медот и мешајте додека смесата целосно не се соедини. Снегулките префрлете ги во сад, па додајте ги боровинките, сечканата банана и бадемите.
Вашиот оброк е подготвен.