Пробајте омлет со домат, одличен за појадок.
Состојки:
1 модар патлиџан со средна големина
3 лажици путер
1 поголем кромид
2 чешниња лук
1 поголем домат
4 јајца
сол, бибер
малку мускатно оревче
Подготовка:
Модриот патлиџан цел испечете го. Откако ќе се олади излупете го и исечете на мали парчиња. Доматот ислупете го и исечете на коцки.
Во тавче растопете го путерот и прорпжете го кромидот. Додадете со лукот исечен на листови, па модриот патлиџан и динстајте неколку минути. Потоа додадете го доматот, и зачинете. Оставете неколку минути, па додадете ги изматените јајца и оставете да се испржат.
Пријатен појадок.