Иако млекото може релативно долго да издржи во фрижидер, постои трик како да трае три недели, па дури и подолго, пишува „Експрес“.
Eat By Date објаснува дека штом ќе се отвори, млекото може да издржи четири до седум дена по испечатениот датум доколку се чува во фрижидер.
Ако не е отворено, полномасното млеко може да издржи пет до седум дена, а млекото со намалени маснотии и без лактоза може да трае седум до десет дена по испечатениот датум доколку се чува во фрижидер.
Постојат неколку работи што можете да ги направите за да го продолжите рокот на траење на вашето млеко.
Прво и основно, купете млеко со најдолг рок на траење. Веднаш ставете го млекото во фрижидер, на полица одзади, каде температурата во фрижидерот е постабилна.
Трик кој може да го продолжи рокот на траење на отвореното млеко е да ставите малку сол во него и да го протресете млекото за рамномерно да се распореди солта.
Минералните соли го забавуваат закиселувањето на млекото, бидејќи ги извлекуваат молекулите на водата и за возврат го забавуваат растот на бактериите. Така, тетрапак млеко може да трае до три недели.