Вкусен оброк за 45 минути. Нема кој не ги сака полнетите печурки, а ние ќе ви предложиме одличен рецепт за вкусна пролетна варијација на ова јадење.
Состојки:
300 гр. шампињони
150 гр. пилешко бело месо, сечено на ситно коцки
70 гр. рендан кашкавал
150 гр. спанаќ
Мала главица црн лук, ситно исецкана
Сол и бибер по вкус
Две лажици масло
Припрема:
Измијте ги печурките и одвојте ги од рачката. Секоја печурка малку издлабете ја со лажица. Лукот, спанаќот и рачките на печурките ситно исечкајте ги, па пропржете ги на масло.
Додајте го ситно исецканото бело пилешко месо, зачинете по вкус и оставете да динста. Со издинстаната смеса од спанаќ и месо пополнете ги капите на печурките и наредете ги во поголем плех или поширока тава во кој претходно сте ставиле хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути, со тоа што на средина од печењето ќе ги посипете печурките со рендан кашкавал за да се направи „кора“ од него, и вратете ги во рерна да се допечат.
Полужете ги топли.