Слабеењето навистина не е лесно, а за постигнување на посакуваните цели потребни се часови напорна работа, многу постојаност, а понекогаш дури и гладување. Иако не е здраво, многу луѓе се изгладнуваат за што побрзо да ги постигнат посакуваните резултати.
Покрај редовното вежбање, потењето во теретана и пробувањето нови интензивни вежби, клучна е здравата, добро осмислена и урамнотежена исхрана. Додека повеќето луѓе ја поистоветуваат здравата храна со невкусна, има една храна која не само што е богата со хранливи материи, туку и омилена на многу луѓе, а тоа е морската храна.
Со оглед на тоа што се нискокалорични и богати со протеин, повеќето морски плодови, како што се рибите, школките и раковите, се многу здрави и одлични за слабеење.
Придобивките од јадење морска храна за губење на тежината
Рибата, како што знаеме, е одличен извор на посни протеини кои помагаат да ги задоволите вашите желби и да ве одржуваат сити подолго време. Покрај тоа, масните риби како лосос, пастрмка или туна содржат омега-3 масни киселини кои придонесуваат за ситост и спречуваат желба за брза храна со слаба хранлива вредност.
Со изборот на риба или која било друга морска храна наместо некое друго посно месо, значително го намалувате внесот на масти.
Сепак, постојат одредени грешки кои можете да ги направите кога подготвувате риба и други морски плодови.
Користите премногу путер
Путерот може да го подобри вкусот на секое јадење. Меѓутоа, ако претерате, може да ги загрозите вашите цели за слабеење. Кога готвите риба на скара со путер, ставате путер врз филе лосос или го додавате во рижото со ракчиња, тоа додава вкус, но обидете се да ги контролирате количините.
Додека вашите рецептори за вкус ќе го ценат додавањето путер, вашиот напредок во губење на тежината најверојатно ќе страда.
Користете екстра девствено маслиново масло наместо путер и додадете засилувачи на вкусот како свежи билки, суви зачини или лимон.
Ја пржите рибата
Ако се обидувате да изгубите неколку килограми, избегнувајте пржена храна, дури и ако се работи за нискокалорична риба или која било друга морска храна. Крцкавото можеби изгледа божествено, но не е пријател на слабеењето.
Имате погрешен став за помасните видови риби
Иако масните риби како лосос, туна, скуша или харинга содржат малку поголема количина на калории, луѓето можеби мислат дека е најдобро да ја избегнуваат, но експертите сметаат дека е одлична за оние кои сакаат да ослабат. Содржината на омега-3 масните киселини во масната риба помага да се подобри ситоста и да се запре желбата за грицкање помеѓу оброците и е одлична за здравјето на срцето и мозокот, пишува Times Of India.