среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Одлучила да се „збогува“ со шеќерот на 60 дена – Еве со какви промени се соочила!

Одлучила да се „збогува“ со шеќерот на 60 дена – Еве со какви промени се соочила!

Веројатно една од најтешките работи е да се откажеме од слатките.

Добар пример може да биде Сара Кларк, која решила целосно да ги исфрли сите форми на шеќер од својата исхрана на 60 дена.

– „Секој ден јадев слатки, а потоа воопшто не уживав во оброците, ниту пак бев гладма. Се нафатив да јадам што е погодно, не размислувајќи воопшто што си правам себеси. Во текот на денот имав огромни подеми и падови на енергијата, понекогаш дури и не можев да ја подигнам главата од замор. Тогаш повеќето ќе пијат кафе, а јас јадев слатки“ – ја започнува својата исповед Сара.

– „Веќе во пет часот попладне бев на каучот, во пижами, подготвна само да легнам, а не да вежбам или да ги носам децата во парк. Кога така ќе ми паднеше енергијата, имав и негативни мисли. Сфатив дека имам лош ден и понекогаш се прашував себеси зошто сето ова? И тогаш ќе се свртев кон нешто што знаев дека ќе ме расположи, а тоа беа бонбони, бисквити или чоколадо. Одеднаш ќе „станев од мртвите“ но тоа чувство на задоволство траеше многу кратко, а потоа се чувствував уште полошо.“

Како престанав да јадам шеќер

– „Една вечер кога станав да одам во тоалет. Беше март годинава, 11:30 навечер и сфатив дека одам во кујната, а не во бањата. Изедов две чоколадни бисквити. Утрото не можев да разберам зошто го направив тоа и морав да сменам нешто.“

– „Си реков, 30 дена нема да јадеш шеќер. Знаев дека тоа е доволно за да се елиминираат лошите ефекти на шеќерот од телото и си поставив многу строги правила. Не само слатките, туку и секоја храна што содржи шеќер, ми беше забранета.

Симптоми на “одвикнување” од шеќер

– „Првата недела бев во ред, мотивирана, не забележував дека ми недостасуваат слатките. Но, веќе по една недела телото почна да се бунтува. Имав главоболки, замор и пиев многу повеќе вода. Мозокот постојано ми испраќаше пораки дека треба да јадам нешто слатко.“

– „Главоболката и уморот траеа една недела. До третата недела веќе ми беше многу полесно и продолжив да се мотивирам со тоа колку денови успеав да издржам. Решив да ја продолжам апстиненцијата од шеќер за уште 30 дена.“

– „Сè уште копнеев за слатки, но направив листа на овошје и зеленчук кои ми го задоволија нагонот. Грозјето е прво на листата, но ми помогнаа и јаболката и пиперките.“

Што се смени откако го исклучив шеќерот?

– „Чувството за вкус. Јадев пиперка со хумус и за малку не ќе ја осетев како крцка, колку е слатка и сочна. Беше неверојатно да се почувствува што е вистинска, природна, свежа храна. Повторно се заљубив во неа.“

– „Ослабнав, но никогаш не се мерам, па не можам да ви кажам колку. Но, дефинитивно дојде моментот кога облеката ми беше премногу широка околу половината. Моето расположение се стабилизира, сфатив дека шеќерот е мојот одбранбен механизам од тага или стрес. Јас сум позадоволна од себе. На работа сум повредна, повеќе слушам што ми кажуваат луѓето. Имам повеќе трпение за моите деца.“

– „По 60 дена прекинав со „детоксикацијата“ затоа што не сакав премногу да се лишувам. Сега, кога излегувам на вечера, барам храна која е богата со протеини, а не нешто што е „празно“ и прекриено со шлаг за подобар вкус. Сега повеќе се радувам на животот“, заклучува Сара.