вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Одоколу крцкава кора, а внатре фил: Благи поховани ролни кои се вистинско задоволство за сетилата

Одоколу крцкава кора, а внатре фил: Благи поховани ролни кои се вистинско задоволство за сетилата

Слатките поховани ролни се идеални за појадок со млеко или кафе.

Најважно е да додадете цимет кој ќе им даде посебен вкус.

Можете да ги послужите и со сладолед и овошје.

Состојки:

10 парчиња тост леб
3 лажици стопен путер
3 лажици кафеав шеќер
2 лажици цимет
3 јајца
1 лажица млеко
½ лажичка цимет
½ лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Секоја кришка леб расукајте ја со сукало. Во сад измешајте стопен путер, кафеав шеќер и 2 лажици цимет. Се премачкува на секое парче леб и се виткаат. Во сад измешајте ги јајцата, млекото, ½ лажичка цимет и ванилата. Секоја ролна потопете ја во смесата со јајца и пржете ја во тава со путер додека не поруменат сите страни.