Кога ќе ги пробате, ќе видите дека подготовката е навистина едноставна
Состојки:
150 грама брашно
250 мл вода
100 мл масло
4-5 јајца
малку сол
Полнење:
600 мл млеко
шеќер по желба
1 ванилин шеќер
2 пудинга
200 мл слатка павлака
Подготовка:
Во тавче истурете ја водата вода, додадете сол и масло, па кога ќе зоврие додадете го брашното и варете 1 минута. Оставете да се олади, па додадете ги јајцата едно по едно и изматете.
Оставете да се олади. Сварете го пудингот и изматете го кремот. Исечете ги крофните, па со лажица ставете го пудингот, а одозгора кремот. Може да стојат во кутијата неколку дена. По желба посипете со шеќер во прав.