недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Омиленото јадење готово за 10 минути: Рецепт за пица направена во тава

Омиленото јадење готово за 10 минути: Рецепт за пица направена во тава

Можете да го направите ова за помалку од 10 минути, само треба да ги додадете вашите омилени состојки и да почекате тестото да стане крцкаво од двете страни.

Ако го имате подготвено тестото, до пицата ве делат само 10 минути – а најдоброто од сè е што не ви треба ни рерна. Најдобар избор е тава од леано железо, која ја задржува топлината долго и рамномерно, но ќе послужи и било која друга тава. Ако имате нелеплива тава, тогаш не ви треба масло.

Тестото можете да го купите во пекара или, уште подобро, да го подготвите пред време користејќи рецепт за најдоброто тесто за пица.

Прво расукајте го тестото на набрашнета работна површина и ставете го во загреана тава. Можете исто така да ја подмачкате тавата ако дното се лепи. Се пече поклопено на умерен оган околу 3-4 минути. Ќе се појават меурчиња, а дното малку ќе се затемни.

Свртете го тестото на другата страна и печете го уште две до три минути. Кога ќе го превртите тестото, премачкајте го со сос од домати и други омилени додатоци, како што се рендано сирење, шунка, пармезан и зеленчук како пиперки или кромид, а по желба посипете со листови босилек.

Покријте ја тавата, исклучете ја топлината и оставете неколку минути додека да се растопи кашкавалот, не повеќе од пет минути.

Уживајте во брзата пица од тавата!