четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Орада во вино

Орада во вино

Врвна риба во однос на вкусот и подготовката …

Потребно е:

1 орада (околу 700 гр)
лимон
сол, по вкус
100 мл маслиново масло
1/2 китка магдонос
250 мл масло
250 мл вино

Подготовка:
– За маринадата измешајте ги маслиновото масло, изрнданата кора од лимон, ситно сецканиот магдонос и солта.

– Исчистената риба убаво измијте ја и исушете ја со хартија. Засечете ја вертикално на три места. Ставете ја во тавата во која ќе ја печете, прелијте ја со маринадата, со прсти истријте ја убаво и оставете да се маринира околу 2 часа. Вртете ја од време на време.

– Пред да ја ставите да се пече, полијте ја рибата со виното. Наредете под рибата и на неа лимон исечен на тркалца.

– Ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Должината на печењето зависи од големината на рибата. Рибата е готова кога ќе биде убаво печена одозгора.

– Пред да ја сервирате посипете ја со сецкан свеж магдонос или со прелив од маслиново масло, магдонос и сецкан лук.

– Служете ја со сварен ориз, компир со блитва или компир салата, по желба.