Оревите се најздравите јатки. Богати се со многу драгоцени материи и антиоксиданси неопходни за основните функции на организмот како целина.
Јадете по 6-7 ореви на ден и збогувајте се со лошиот холестерол. Оревите содржат многу висока концентрација на полифеноли – антиоксиданси кои ја штитат компактноста на клетките и ткивата.
Освен тоа, оревите се богати и со растителни влакна, ненаситени масни киселини и уште многу други полезни елементи.
Заменете го чипсот и останатите грицки со ореви што ќе се одрази многу позитивно на вашето здравје и изгледот на кожата, а освен тоа енергијата од оревите полесно се троши и не се натрупува како масни резерви, за разлика од грицките.