среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Оригинален рецепт со кој излегуваат вкусни, миризливи и неодоливи: Белгиски вафли кои ќе посакате повторно да ги направите

Оригинален рецепт со кој излегуваат вкусни, миризливи и неодоливи: Белгиски вафли кои ќе посакате повторно да ги направите

Состојки:

500 гр брашно
4 белки
250 гр стопен путер
120 гр млеко во прав
20 гр свеж квасец
1 лажичка кафеав шеќер
½ лажичка сол
1 ванилин шеќер
600 мл млака вода

Подготовка:

Во поголем сад сипете го брашното, направете вдлабнатина и таму ставете ги квасецот, млаката вода, шеќерот, млекото во прав, ванилиниот шеќер.

Изматете го тестото и оставете го да отстои половина час.

Растопете го путерот и кога малку ќе се олади додадете го во тестото и измешајте.

Изматете ја белката додека не се стегне и додадете ја во тестото. Промешајте за смесата да биде униформа. Печете ги вафлите во подмачкана машина.

Совет: Ако вашите вафли се лепат за уредот, малку зголемете ја количината на путер во рецептот.