Овошје кое има најголема калориска вредност
Овошјето е на самиот врв на листата на намирници кои треба да ги јадете секој ден, но и тоа има своја калориска вредност и содржи шеќер.
Доколку консумирате во просек повеќе од 100 грама слатко и висококалорично овошје, би консумирале дополнителни 350 калории и 60 грама шеќер дневно.
Погледнете ја калориската вредност на некои овошја:
Овошјето е добро за вас и му ги нуди на телото потребните хранливи материи и минерали, но се разликува и по количината на шеќер што ја содржи.
Доколку сакате да ја одржите килажата или сте на диета, добро е да знаете кои овошја би требало да ги избегнувате.
МАНГО
Едно манго содржи околу 45 грама шеќер, па затоа не е најдобриот избор за оние кои се на диета. Ако мангото е вашето омилено овошје, а сте на диета, изедете само парче или две.
ГРОЗЈЕ
Само една шака грозје содржи околу 23 грама шеќер, а тоа е многу за овие мали бобинки кои се лесни за јадење. Ќе јадете помалку ако ги преполовите и ги ставите во замрзнувач, но секако ќе послужи како вистинско летно уживање кое се џвака уште малку…
ЦРЕШИ
Малку се оние кои не сакаат цреши, но за жал тие содржат и многу шеќер, па затоа само мала порција ќе обезбеди до 18 грама шеќер. Секако, најдобро е да се јадат во мали количини, иако знаеме колку е тешко…
БАНАНА
Една мала банана содржи околу 14 гр шеќер, ако тоа е премногу за вашите потреби, можете да додадете половина банана во оброк, јогурт или салата.
СМОКВИ
Две помали смокви содржат околу 16 гр шеќер, па неколку парчиња од ова задоволство ќе ви бидат доволни доколку сте на диета. Додадете ги во појадок или салата.