петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Овaa храна го зголемуваат ризикот од деменција

Овaa храна го зголемуваат ризикот од деменција
ФОТО:SHUTTERSTOCK

Покрај возраста и генетиката, храната е еден од факторите кои можат да предизвикаат деменција, како што покажа новото истражување на Американската академија за неврологија. Преработената храна го зголемува ризикот од развој на оваа болест.

Во истражувањето учествувале 72.083 учесници на возраст од 55 и повеќе години и биле следени околу десет години. До крајот на истражувањето, на 518 луѓе им била дијагностицирана деменција, пренесува Eatthis.com.

Во просек, на секои 10 отсто зголемување на дневната потрошувачка на преработена храна, ризикот од деменција бил зголемен за 25 отсто, покажале резултатите.

Имено, преработената храна содржи многу шеќер, натриум, нездрави масти и хемикалии кои негативно влијаат на здравјето.

Понатаму, ако преработената храна се замени со минимално преработена или непреработена храна, ризикот е многу мал.

Ова е уште еден доказ, според експертите, дека храната игра важна улога за здравјето на организмот. Затоа, посочуваат, треба да ги информирате луѓето за замена на нездравата со здрава храна.