Дали знаевте дека само едно авокадо може да го намали високиот холестерол?
Ако размислувате за здравјето на срцето, тогаш треба да јадете авокадо. Корисен е за луѓето кои имаат проблеми со кардиоваскуларниот систем, а добар е и за одржување на холестеролот под контрола.
Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија спровеле студија во која учествувале 45 луѓе. Тие страдале од гојазност и имале неправилна исхрана.
Испробале разни диети, а потоа и една која вклучувала 1 авокадо дневно.
На крајот од студијата, учесниците кои ја следеле диетата која вклучувала едно авокадо дневно значително го намалиле нивото на ЛДЛ (лошиот) холестерол. Освен тоа, имале и повисоки нивоа на лутеин, антиоксиданс кој игра важна улога за здравјето на очите, пишува Index.hr.
Ова не е прва студија која потврдува дека авокадото може да влијае на нивото на холестерол. Научниците и претходно сугерираа дека ова овошје може да го намали холестеролот.
Авокадото е добро не само затоа што го намалува холестеролот, туку и поради неговите биоактивни соединенија.