четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Оваа пита е готова за 20 минути, а ќе ги воодушеви и најголемите гурмани (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

Оваа пита е готова за 20 минути, а ќе ги воодушеви и најголемите гурмани (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

За оваа одлична пита ќе бидат доволни малку варени компири, сирење, шунка, лиснато тесто и уште неколку состојки.

СОСТОЈКИ:

лиснато тесто
цацики сос или малку крем сирење со зеленчук
рендан кашкавал
варени компири, исечени на прстени
пржена сланина или шунка
жолчка
сусам

Подготовка:

Половина од лиснатото тесто намачкајте го со сосот (крем сирењето), па посипете со рендан кашкавал, наредете ги компирите и парчињата месо. Преклопете го тестото, затворете ги рабовите, премачкајте со жолчка од јајце и посипете со сусам. Можете да го исечете на ромбоиди, за подобро и побрзо да се испече.

Се пече во загреана рерна на 200 степени 20 до 25 минути.