петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Оваа РИБА е НАЈЗДРАВА, полна со протеини, одлична за косата, кожата и дигестивниот систем

Оваа РИБА е НАЈЗДРАВА, полна со протеини, одлична за косата, кожата и дигестивниот систем

Нутриционистите тврдат дека оваа риба е значително поздрава од другите

Рибата не само што е полна со протеини и има малку заситени масти, туку е и богата со омега-3 масни киселини, кои се многу корисни за организмот.

Кога станува збор за најздравите видови риба, на прво место убедливо е лососот, а потоа следат сардините, инчуните, сомот, бакаларот, пастрмката и ослиќот.

Со овие тврдења се согласуваат многу нутриционисти, а за здравствените придобивки од редовното консумирање лосос сведочат и бројни истражувања.

Еве како редовната консумација на лосос влијае врз организмот:

Месото на лососот изобилува со протеини и аминокиселини. Исто така, содржи компоненти што се од големо значење за здравјето на зглобовите, правилното функционирање на дигестивниот систем и регулацијата на инсулинот. Изобилува со важни витамини и минерали и други корисни материи.

Богат е со протеини

Лососот е високопротеинска храна, а воопшто не содржи јаглехидрати. Во светот на нутриционизмот, се цени токму поради високопротеинското месо и квалитетот на протеинот. Протеинот е градежен материјал за сите наши ткива и е есенцијален за мускулите.

Што се однесува до нутритивниот состав на лососот, само 100 г приготвен лосос содржат дури 22 г протеини, што е речиси половина од препорачаната дневна количина. Исто така, богат е со добри омега 3 масни киселини, витамини и минерали.

Витамините и минералите во лососот

Освен што е одличен извор на висококвалитетни протеини, лососот содржи голема количина на други корисни елементи, како што се витамините од групата Б, минералите, како селен, фосфор и калиум. Освен тоа, претставува и солиден извор на железо, цинк, магнезиум и витамини Ц и Е.

Количината на витамини од Б-комплексот е импресивна. Витамините од групата Б играат исклучително значајна улога во повеќето хемиски реакции во нашиот организам и учествуваат во метаболичките процеси. Внесувањето доволна количина на витамин Б, овозможува квалитетен сон, издржливост, доволно енергија, концентрација и најважно од сé, го штитат срцето и крвните садови.

Здравствени придобивки на лососот

Лососот е добар за целокупното здравје, го штити и негува организмот. Консумацијата на месо од лосос е добра за:

нервниот систем и мозокот
срцето и крвните садови
мускулите и коскенозглобниот систем
здрави очи, кожа и коса
добар сон и здрав метаболизам