четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Оваа салата сигурно ќе ви се допадне: Вкусна е, здрава и идеална за ОВОЈ период од годината

Оваа салата сигурно ќе ви се допадне: Вкусна е, здрава и идеална за ОВОЈ период од годината

Кога еднаш ќе ја подготвите и пробате оваа салата, ќе ги замените традиционалните кремасти салати на кои сме сите научени.

Салатата е многу вкусна, здрава е и идеална за овој период кога сите имаме варени јајца дома за Велигден.

Потребни состојки:

2 конзерви туна

100гр кашкавал

3 домати

2 варени јајца

млад кромид или праз

мајонез (најдобро да е поздрав односно домашен)

Подготовка:

Туната исцедете ја од маслото.

Изрендајте ги јајцата, кашкавалот, а доматите и младиот лук или празот исечкајте ги на ситни коцки. Земете сад каде што ќе ја правите салатата.

Најдолу ставете ја туната, а одозгора ставете од младиот кромид или празот. Потоа ставете од мајонезот, кој е најубаво да го ставете со кесичка, а не да го премачкувате. Врз мајонезот ставете ги изренданите јајца, па повторно мајонез на истиот начин, па ренданиот кашкавал.

Повторно врз кашкавалот ставете мајонез (со кесичката ставајте го како мрежичка), па наредете ги доматите, па на крајот повторно од мајонезот.

Декорирајте со рендани жолчки или цели рендани јајца. Изборот е на вас.