четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Овие 3 житарки се мелем за цревата: Го стимулираат и подобруваат варењето и дигестивниот систем

Овие 3 житарки се мелем за цревата: Го стимулираат и подобруваат варењето и дигестивниот систем

Доколку долго време имате проблеми со варењето, неопходно е да ја промените исхраната и да воведете лесна храна која ќе ги ублажи проблемите поврзани со еден многу важен процес во организмот, како што е варењето.

Житариците или „зрната на цивилизацијата“ како што многумина ги нарекуваат, се основата на човечката исхрана. Важноста на житариците не е само во тоа што се храна која редовно се користи, туку и во тоа што обезбедуваат најголем дел од дневниот внес на енергија.

Освен што се многу здрави, житариците се полни со витамини, минерали и биоактивни материи кои ја обновуваат цревната флора и ја подобруваат работата на дигестивниот тракт.

Во „морето“ житарки издвоивме три кои се мелем за цревата.

1. Јачмен

Јачменот содржи скроб, протеини, целулоза, витамини и минерали. Најзастапени се витамините Б, а минералите се калиум, калциум, цинк, фосфор и магнезиум.

При готвење на јачменот се ослободува слуз, кој исклучително благотворно делува на органите за варење. Поради високиот процент на растворливи и сурови растителни влакна, јачменот поволно делува на регулација на холестеролот во крвта, но и на дигестивни проблеми.

2. Ориз

Во споредба со другите житарки, оризот има најголема енергетска вредност, па брзо носи енергија и обезбедува подолго чувство на ситост. Поради својата хранлива вредност, тој е исклучително корисен за нервниот систем и варењето. Не содржи глутен и е најмалку алергенска житарка.

Влакната од мембраната на зрното ориз го стимулираат празнењето на цревата. Вклучете интегрален ориз во вашето мени заедно со друга храна богата со растителни влакна и ферментирани млечни производи, за да ја подобрите цревната флора.

3. Киноа

Ова растение е познато и како мајка на сите житарки. Постојат повеќе од сто видови киноа, но најкористените ширум светот се белата, црвената и црната киноа. Инаку, киноата е псевдожитарка, но нутритивно се третира како цело зрно, што значи дека при подготовката не се отстранува дел од неа.

Киноата е значаен извор на растителни влакна кои имаат корисен ефект врз метаболизмот и варењето.