четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Овие 8 намирници успешно го намалуваат високиот крвен притисок

Овие 8 намирници успешно го намалуваат високиот крвен притисок

Хипертензијата или високиот крвен притисок е најчестиот ризик фактор за срцеви заболувања кој може да се спречи.

Лековите често се користат за намалување на крвниот притисок, меѓутоа, промените во начинот на живот, вклучително и модификациите на исхраната, можат да помогнат во овој процес и да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Здравата исхрана е неопходна за намалување на крвниот притисок и одржување на оптималното ниво, а истражувањата покажуваат дека одредени видови храна, особено оние со висока содржина на одредени хранливи материи како што се калиум и магнезиум, го намалуваат нивото на крвниот притисок.

Во продолжение ви откриваме кои 8 намирници можат да ви помогнат да го намалите крвниот притисок на природен начин:

Цитруси

Цитрусното овошје, вклучувајќи грејпфрут, портокали и лимони, може да има моќни ефекти врз намалувањето на крвниот притисок. Тие се преполни со витамини, минерали и растителни соединенија кои можат да помогнат во одржувањето на здравјето на срцето, намалувајќи ги факторите на ризик од срцеви заболувања, како што е хипертензијата.

Лосос и други масни риби

Масната риба е одличен извор на омега-3 масти кои имаат важни придобивки за здравјето на срцето. Овие масти можат да помогнат во намалување на нивото на крвниот притисок со намалување на воспаленијата и нивото на соединенија кои ги стеснуваат крвните садови наречени оксилипини. Истражувањата го поврзуваат зголемениот внес на масна риба богата со омега-3 со намалување на нивото на крвниот притисок.

Семки од тиква

Семките од тиква се хранливо богатство. Тие се концентриран извор на хранливи материи важни за контрола на крвниот притисок, вклучувајќи магнезиум, калиум и аргинин.

Бобинки

Бобинките се поврзани со различни импресивни здравствени придобивки, вклучувајќи ја и нивната способност да ги намалат факторите на ризик за срцеви заболувања. Бобинките се богат извор на антиоксиданти, вклучувајќи антоцијанини, пигменти кои ја даваат црвената боја на бобинките. Утврдено е дека антоцијанините го зголемуваат нивото на азотен оксид во крвта и го намалуваат производството на молекули кои ги стеснуваат крвните садови, што може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок. Капините, малините и јагодите се само некои од бобинките кои се поврзани со ефектите на намалување на крвниот притисок.

Ф’стаци

Ф’стаците се многу вкусни и здрави. Тие содржат голем број хранливи материи неопходни за здравјето на срцето и регулација на крвниот притисок, вклучувајќи го и калиумот.

Моркови

Крцкави, слатки и хранливи, морковите се основен зеленчук во исхраната на многу луѓе. Морковите се богати со фенолни соединенија, како што се хлорогенската, п-кумаринската и кофеинската киселина кои помагаат во опуштање на крвните садови и намалување на воспаленијата, што може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок.

Јогурт

Јогуртот е млечен производ богат со хранливи состојки кој е преполн со минерали кои помагаат во регулирање на крвниот притисок, вклучувајќи калиум и калциум.

Целер

Целерот е популарен зеленчук кој содржи соединенија наречени фталиди, кои можат да помогнат во опуштање на крвните садови и намалување на високиот крвен притисок.

извор: thehealthystation.com