Експертите редовно предупредуваат дека кромидот никако не треба да се остава во фрижидер, но дали сте се запрашале зошто?
За повеќето намирници за продолжувањето на рокот на траење е препорачливо да се чуваат во фрижидер, но тоа не важи баш за сите нив.
Краставиците, пиперките, ѓумбирот, но и лукот и кромидот никако не се за во фрижидер, а сега ќе дознаете и зошто ова правило важи баш за кромидот.
Ако кромидот го ставите во фрижидер, ниската температура на која ќе биде изложен скробот ќе го претвори во шеќер, што доведува до промена на структурата на самиот кромид, па тој станува мек и гнил.
За да ја одржите свежината, треба да го чувате на ладно, мрачно и суво место и тоа се препорачува да стои во некаква мрежа со цел до него да допира воздух. Во таква состојба можете да го чувате и до 30 дена. Ако го чувате на собна температура, тој ќе опстојува до седум дена.
Исто така, погрешно е и она што повеќемина го прават, а тоа е дека неискористената половина главица кромид ја ставаме во фрижидер, затоа што така на него се множат штетни бактерии.