Ако сте имале напорен работен ден, сè што ви треба да направите дома е да се релаксирате, но и да испиете една шолја со убав и топол чај.
Многу од билките во природата се познати по своите релаксирачки својства. Комбинацијата од следниве чаеви ќе ви помогне вистински да заборавите на стресот и да уживате во остатокот од денот.
Измешајте две лажички сушен босилек, една лажичка сушена лимонова трева, една лажичка сушена камилица и половина лажичка сушена лаванда.
По желба можете да додадете сосема малку ѓумбир во прав.
Прелијте ги состојките со 300 милилитри речиси зовриена вода, на околу 90 степени Целзиусови.
Оставете го чајот да отстои 20 минути. Исцедете го, па по желба можете да го засладите со мед.