вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Овој десерт е фантазија: Направете сникерс бајадера

Овој десерт е фантазија: Направете сникерс бајадера

Подгответе вкусен десерт, сникерс бајадера.

Состојки:

300 грама шеќер

250 мл. вода

200 грама маргарин

100 грама чоколада за готвење

300 грама мелени бисквити

400 грама мелени кикирики (печени, несолени)

1 ванила

За глазура:

100 грама чоколада за готвење

3 лажици зејтин

100 грама сецкани кикиритки (печени несолени)

Подготовка:

Шеќерот со водата се става во сад на оган да зоврие. Откако кратко ќе поврие се додаваат и маргаринот и чоколадата да се растопат. Откако ќе се растопат се трга настрана и се додаваат бисквитите и ванилата. Убаво се промешува и се остава малку да олади смесата за потоа да се додадат и мелените кикирики. Убаво се промешува смесата.

Во помало правоаголно плехче (30х20) обложено со фолија се истура смесата, убаво се израмнува и се полева со глазура од чоколада растопена на пареа со 3 лажици зејтин. Се посипува со сецкани кикирики и се става во ладилник да се стегне, потoа се сече на парчиња.