Овој природен сок делува против уморот, лошото расположение и здравјето подобро и од некои лекови.
Потребни состојки за четири чаши:
4 шолји ладна вода
2 кафени лажички куркума во прав
4 кафени лажички јаворов сируп или мед
1 лимон или лимета
1 портокал
малку црн бибер
Сите состојки ставете ги во стаклен бокал и добро промешајте. Пијте го сокот свеж и не го чувајте подолго од еден ден. Се препорачува да го чувате во фрижидер.
Доволна е една чаша од овој сок во денот за да го подобрите расположението, да го зајакнете имунитетот и да го прочистите организмот. Овој сок исто така се препорачува за луѓето кои сакаат да ослабат бидејќи го забрзува метаболизмот.
Ако се прашувате зошто се додава бибер во овој напиток, тоа е бидејќи биберот го засилува дејството на куркумата.