Зачин кој секојдневно се наоѓа во нашата исхрана, за разлика од останатите ароматични додатоци навистина топи маснотии.
Тоа е биберот.
Вклучете го секојдневно во вашите јадења и кренете во борба против масните наслаги.
Биберот има улога во подобрување на работата на дигестивниот систем, поттикнување на лачењето на дигестивните ензими и гастричен сок и забрзување на текот на храната низ дигестивниот систем.
Тој е одличен антиоксиданс и делува добро против внатрешни воспаленија што е една од најбитните карактеристиките за биберот. Го држи холестеролот под контрола и ги уништува мастите. Биберот го зголемува производството на хлороводородна киселина во желудникот која е одговорна за распаѓањето на мастите и делува против надуеност, гасови и други стомачни проблеми.
Биберот најдобро го задржува својот вкус доколку се чува во зрно, па затоа и како таков и се користи.
Најароматичниот тип на бибер има зелена боја кој во комбинација со етерични масла се користи за топење на масти и отстранување на целулитот.
Совети:
За максимално да ги искористите придобивките од биберот купете цели зрна, а потоа сомелете ги и ставете ги во вашето јадење.
Освен во јадењата, биберот можете да го додадете во здрави пијалоци, зеленчук или овошје. Доволно се само неколку зрнца за вашиот метаболизам да работи подобро и да ги разградува маснотиите.