сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ПЕЧЕНИ БАТАЦИ ВО СОЈА СОС! Брз викенд ручек!

ПЕЧЕНИ БАТАЦИ ВО СОЈА СОС! Брз викенд ручек!

Околу овој ручек нема многу работа, сè што треба да направите е да го маринирате месото и да го ставите во рерна… Уживајте!

Состојки:

килограм пилешки батаци

две лажици масло

лажица масло од сусам

пет лажици мед

четвртина шолја соја сос

две лажици чили сос

лажица кечап

три чешниња лук

малку ѓумбир

сол, бибер

Подготовка:

Измешајте ги маслото, маслото од сусам, медот, соја сосот, кечапот, чили сосот, сечканиот лук, малку рендан ѓумбир, сол, бибер и зачини по вкус. Додадете ги батаците, покријте ги со фолија и маринирајте во фрижидер најмалку два до три часа, а најмалку половина час. Потоа исцедете ги, ставете ги во тава обложена со хартија за печење и печете во рерна на 180 степени 30 минути. Превртете го месото и печете уште половина час.

Пријатно јадење!