четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Печени бомбици од компир со растопен кашкавал (видео)

Печени бомбици од компир со растопен кашкавал (видео)

Пире од компир полнето со кашкавал, пармезан и пршута, смотано во бомбици од кои ќе си ги излижете прстите.

Потребни состојки:

400 g сварени компири

70 g пармезан, рендан

80 g пршута, сечкана (или салама по избор)

Магдонос

Сол и бибер

Парчиња кашкавал или моцарела сирење колку што ќе има бомбици

1 јајце, изматено и презла (за потопување и валкање на бомбиците)

Начин на подготовка:

Потребно е да направите пире од компир и да ги измешате во него сите состојки освен моцарелата (или кашкавалот), да направите бомбица, а внатре да вметнете парче моцарела или кашкавал.

Потопете ги бомбиците во изматени јајца, па во презла и ставете да се печат на 190˚С, 25 минути.