Подгответе ги компирите на малку поинаков начин. Бујонот, кромидот и зачините му даваат посебен вкус
Печените компири најдобро одат со месо, а сега ви носиме рецепт за пржени компири кои лесно можат да го заменат печениот компир и се толку вкусни што нема да можете да престанете да ги јадете. Кората е крцкава, а додавањето бујон кон крајот на пржењето ги прави малку меки одвнатре.
Состојки:
6 компири
1 кромид
1 лажичка сол
1/4 лажичка бибер
1 лажичка слатка пиперка
1 лажичка сушен магдонос
1/2 лажичка сува мајчина душица
1 лажичка лук во прав
3 супени лажици маслиново масло
2 лажици путер
1/3 чаша пилешка супа (бујон)
Подготовка:
Загрејте го маслиновото масло и додадете го путерот. Кога ќе се растопи, ставете ги компирите исечени на тенки прстени. Додадете го кромидот исечен на ребра. Измешајте ги сите зачини и додадете ги во тавата. Добро измешајте, па покријте и варете некое време. Истурете ја супата и мешајте додека течноста малку да испари.