Компирите подготвени на португалски начин е совршен гарнир за секое месо.
Потребни состојки:
– 4 компири со средна големина
– путер
– сол и бибер
– рузмарин
– мелена црвена пиперка по желба
Начин на подготовка:
Измијте ги компирите и излупете ја кората, а потоа ставете ги во тенџере со вода или варете ги на пареа додека не омекнат.
Извадете ги и ставете ги во тава за печење. Нежно притиснете ги со дно од чаша, а преку секој компир ставете малку путер. Додајте ја солта, биберот и рузмаринот, а по желба додајте и мелена сушена пиперка.
Печете го компирот во рерна загреана на 200 Целзиусови степени додека не добие златножолта боја.