вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ПЕЧУРКИ ПОЛНЕНИ СО ЗЕЛЕНЧУК! Вкусна вечера готова за само 20 минути (РЕЦЕПТ)

ПЕЧУРКИ ПОЛНЕНИ СО ЗЕЛЕНЧУК! Вкусна вечера готова за само 20 минути (РЕЦЕПТ)

Доколку сте расположени за лесен летен оброк, ви препорачуваме полнети печурки со зеленчук

СОСТОЈКИ:

600 гр поголеми печурки
главица кромид
морков, тиквички
црвена и жолта пиперка
два домати
маслиново масло
половина чаша пармезан сирење
половина шолја рендана гауда
сол, бибер, зачини

ПОДГОТОВКА:

Печурките измијте ги, исушете ги, извадете ги дршките, па ситно исечкајте ги. Морковите, тиквичките, пиперките и доматите исечкајте ги на ситни коцки. Во тава на малку масло на кратко пропржете ситно сечканиот кромид и стебленцата од печурките, па додадете го преостанатиот зеленчук.

Динстајте десет минути, додека зеленчукот не омекне, а вишокот течност не испари. Потоа додадете сол, бибер и пармезан, па тргнете го од оган.

Наполнете ги печурките со подготвената смеса, ставете ги на плех обложен со хартија за печење, посипете со рендана гауда и печете во рерна на 200 степени околу 15-20 минути.