Започнете го утрото со фантастично пециво
Од кујната на баба доаѓа рецепт за погачици со сусам кои ќе бидат готови за миг.
Состојки:
200 гр сирење
80 гр путер или маргарин
300 гр брашно
1/2 прашок за пециво
сол
јајце и 1 белка
Подготовка:
Во брашното се додава меленото сирење, се додава јајцето, белките, прашокот за печиво, растопениот путер, па се замесува тесто со додавање малку брашно.
Со сукало развлечете го тестото дебело околу половина см, а потоа извадете го со мала чаша или калап.
Наредете во тава покриена со хартија за печење. Премачкајте со жолчка и посипете со сусам и крупна сол.