вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Пица за сечиј вкус: Вегетаријана со буковки (РЕЦЕПТ)

Пица за сечиј вкус: Вегетаријана со буковки (РЕЦЕПТ)

За време на тропските денови, пицата без месо, а со буковки ќе ви биде вистинско освежување.

Сакате пица, но не сакате шунка и други сувомеснати производи, без разлика дали сте вегетаријанец или не, пицата со буковки е вистинското решение за вас.

Состојки:

готова основа за пица
200 гр буковки
2 домати
70 гр моцарела
50 гр пармезан сирење
1/2 китка босилек
чешне лук
една лажичка каперси
една лажичка оригано
лажичка шеќер

Подготовка:

Намачкајте соодветен плех со маслиново масло и на него ставете ја основата за пица. Измијте ги доматите, бланширајте и отстранете ја кората. Првиот домат исечкајте го на кришки, а вториот домат исчистете го од семки и измелете го во блендер. Добиениот сос сварете го на малку маслиново масло. Во блендер измелете ги ренданиот пармезан, свежиот босилек и лукот.

Буковките измијте ги, исчистете ги, исечете ги на помали парчиња и пржете ги на маслиново масло додека не омекнат. Подготвениот сос од домати рамномерно намачкајте го врз основата за пица и посипете малку суво оригано.

Исечете ја моцарелата на тенки парчиња и рамномерно распоредете ја врз основата. Потоа ставете ги пржените буковки и доматите исечени на прстени. Сè посипете со смесата со пармезан, босилек и лук .

Печете ја пицата во рерна загреана на 180 степени околу 20 минути.