петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Пијалак што ќе ве воодушеви! (РЕЦЕПТ ЗА ГРЕАНО ВИНО)

Пијалак што ќе ве воодушеви! (РЕЦЕПТ ЗА ГРЕАНО ВИНО)

Ако сакате слатки и топли пијалаци, вино и овошје, тогаш ова ќе биде вистинско уживање за вас

Можете да го пиете во друштво, со семејството или пријателите и сигурно ќе уживате.

Состојки:

1 литар црвено вино

1 пакетче кора од цимет или ќесичка мелен цимет

неколку каранфилчиња

150-200 мл вода

5-7 лажички шеќер (или повеќе ако сакате послатко)

кора од портокал (по желба)

Подготовка:

Растопете го шеќерот во вода, додадете цимет, каранфилче, кора од портокал и варете додека не испари околу половина од водата. Истурете го виното и оставете да зоврие. Послужете во топли шолји.