вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Пикантна салата со пилешко месо

Пикантна салата со пилешко месо

Направете салата со пилешки стек и чили. Пикатна и вкусна

Состојки:

250 г. пилешки стек
3 домати
1 пиперка
1/2 црвен кромид
1 лажица пире или сос од домати
1/2 лажичка чили во прав
малку рендан кашкавал
маслиново масло
зелена салата

Прелив:

2 лажици маслиново масло
1 лажица балсамико
1 лажичка сенф
сол, бибер

Подготовка:

Месото исечете го на поситни парчиња. Посолете и малку пропржете заедно со ситно сецкан кромид. Доволно е околу пет минути.

Додадете малку вода, 150 мл., во доматното пире и оставете на оган тивко да зоврие околу пет минути заедно со чилито.

Доматите и пиперката исечете ги на помали парчиња и ставете ги во длабок сад. По избор може да додадете и зелена салата.

Измешајте ги сите состојки за преливот и така подготвен прелијте со него преку салатата, додадете го ренданиот кашкавал и добро измешајте.

Во сад за послужување прво ставете салата, додадете месо заедно со сосот од динстањето. На крајот додадете уште малку рендан кашкавал.

Уживајте