Многу лесно се подготвува, а сите ја обожаваат.
Состојки:
350 гр бело месо
100 гр целер
300 гр слатка пченка
700 гр кисела павлака
100 гр мајонез
300 гр конзервирана слатка пченка
100 гр печен сусам
2 варени јајца
4 кисели краставички
2 моркови
1 корен од магдонос
1 поголем компир
1 пашканат
сол, бибер
Подготовка:
Ставете го белото месо да се свари заедно со морковот, целерот, пашканатот и компирот. Кога е готово, процедете го, а потоа исечете го пилешкото на ленти и ставете го во сад во кој ќе ги соедините состојките. Морковот, целерот и пашканатот се пасираат, а компирот се сече на коцки. Се пече сусамот, па се додава во пилешкото и зеленчукот и се зачинува по вкус. Додадете пченка и сечкани краставици. Јајцата исчистете ги, исечете ги што помали и додајте ги во садот. Измешајте павлака и мајонез за да добиете изедначена смеса, истурете во сад и сè убаво измешајте. Украсете по желба со малку сечкан магдонос и сусам.