Можете да направите пилешко на многу начини, а ние ви предлагаме специјалитет со кари
Состојки:
400 гр пилешко филе
лажица брашно
три лажички кари во прав
300 мл пилешка супа од коцка
200 мл павлака за готвење
масло
магдонос
сол, бибер
Подготовка:
Пилешкото се сече на коцки, се посолува и се пржи на масло. Се трга во чинија, па на исто масло како и прженото месо се пропржува брашното, се додава карито и се прелева со супата.
Гответе неколку минути со постојано мешање за да нема грутки.
Додадете ја павлаката, а кога ќе зоврие, вратете го испрженото пилешко. Додадете бибер по вкус и сол, промешајте и оставете на оган да се соединат вкусовите. Послужете го пилешкото со сос од кари со варен ориз.