Денеска сите живееме со забрзано темпо, се храниме брзо, но ретко здраво. Ова пилешко со сос и шери домати е комбинација од брз, но здрав оброк… Уживајте!
Состојки:
маслиново масло
малку оригано и босилек
две чаши чери домати
700 гр пилешко филе
чаша бистра пилешка супа
чаша павлака за готвење
половина чаша пармезан
две чешниња лук
малку путер
сол, бибер
Подготовка:
Шери доматите измијте ги, исушете ги, ставете ги во тавче, прелијте ги со масло, па посолете, забиберете и зачинете со оригано и босилек. Печете во рерна на 200 степени десетина минути. Во меѓувреме, исечете го месото на подебели шницли, зачинете и пржете во тава со малку загреано масло, додека не порумени од сите страни. Извадете го и ставете го на топло место, во тавче ставете путер и кратко пропржете го сечканиот лук. Додадете ја супата, мешајте една минута, па прелијте со кремот за готвење. Варете две-три минути, ставете го пармезанот, вратете го месото, додадете ги црешите, па веднаш послужете.
Пријатно јадење!