четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ПИЛЕШКО ВО ПАВЛАКА! Оброк кој децата го обожуваат

ПИЛЕШКО ВО ПАВЛАКА! Оброк кој децата го обожуваат

Пилешкото во павлака мами со својот мирис, вкус и мекост.

Состојки:

500 гр пилешко филе

200 мл неутрална павлака за готвење

100 гр шампињони од тегла

100 гр путер

сув зачин

бибер

2 чешниња лук

Подготовка:

Пилешкото филе исечете го на половина по должина. Лесно изудирајте го со кујнски чекан и зачинете. Пржете ги двете страни на врел путер до златно кафеава боја. Истурете 100 мл вода и измешајте, додадете ги исцедените печурки, а потоа прелијте со неутралната павлака.

Додадете малку сол и сечкан лук. Крчкајте на тивок оган 15 минути, со едно превртување.

На здравје!