вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ПИТА СО ЏЕМ КОЈА ИМ УСПЕВА И НА ПОЧЕТНИЦИТЕ! Се прави од евтини состојки, а подготовката нема да ви одземе многу време (ВИДЕО)

ПИТА СО ЏЕМ КОЈА ИМ УСПЕВА И НА ПОЧЕТНИЦИТЕ! Се прави од евтини состојки, а подготовката нема да ви одземе многу време (ВИДЕО)

Старинскките слатки секогаш не потсетуваат на детството, а доколку сакате набрзина да подготвите нешто слатко, ви препорачуваме да направите евтина и вкусна пита со џем од кајсии

Состојки:

1 јајце

50 гр шеќер

8 гр шеќер во прав

6 лажици масло

180 гр брашно

4 гр прашок за пециво

150 гр џем од кајсии

Подготовка:

Измешајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцето, па добро изматете со рачна маталка. Додадете масло, па брашно со прашок за пециво.

Смесата треба да изгледа како мазно тесто. Поделете го тестото на два дела.

Едната половина расукајте ја со сукало до дебелина од околу половина сантиметар и ставете ја во калап за печење. Над кората рамномерно распоредете го џемот од кајсии. Втората половина од тестото развлечете ја колку што е можно потенко, а потоа исечете ја на тенки ленти широки околу 1 см.

Наредете ги во калапот така да добиете решетка и печете во рерна половина час на 180 целзиусови степени. Кога ќе се излади десертот, можете да го посипете со шеќер во прав и да го исечете на триаголници.