среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ПИЦА СО ЧЕТИРИ ВИДА СИРЕЊЕ! Домашната е подобра од купечката, а готова е за 15 минути

ПИЦА СО ЧЕТИРИ ВИДА СИРЕЊЕ! Домашната е подобра од купечката, а готова е за 15 минути

Ако сте љубител на пица, тогаш можете да ја направите оваа со четири вида сирење и ќе имате вкусен оброк за викенд.

Состојки:

кесичка сув квасец

150 мл топла вода

половина лажичка шеќер

250 гр брашно

една лажичка сол

три лажици маслиново масло

за филот:

120 гр пелат од домати

100 гр моцарела

50 гр горгонзола

80 гр гауда

50 гр пармезан

маслиново масло

сол, бибер, оригано

Подготовка:

Растворете го квасецот во топла вода со малку шеќер, па оставете го да проработи. Измешајте ги брашното и солта, додадете ги квасецот и маслото, па замесете тесто.

Оставете го да нарасне, па премесете го, растегнете го со сукало и ставете го во плех обложен со хартија за печење.

Премачкајте со пелат од домати, а одозгора додадете моцарела, гауда, горгонзола и пармезан. Зачинете со сол и бибер, додадете оригано, прелијте со малку масло и печете во рерна на 250 степени околу 15 минути.