четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ПЛЕСКАВИЦИ од ЛЕБЛЕБИЈА! Вкусен начин за збогатување на менито!

ПЛЕСКАВИЦИ од ЛЕБЛЕБИЈА! Вкусен начин за збогатување на менито!

Кога малку ќе се „уморите“ од месото и ќе посакате нови вкусови, можеби ќе сакате да ги направите овие вегетаријански плескавици со шмек на Блискиот Исток… Уживајте!

Состојки:

три и пол шолји конзервиран наут

третина шолја сечкан магдонос

две поголеми јајца

лажичка и пол мелен ким

две чешниња лук

шолја и пол презла

сончогледово масло

сол, бибер

Подготовка:

Во блендер се ставете ги исцедениот наут од конзерва, па додајте ги магдоносот, јајцата, кимот, сечканиот лук, малку сол и бибер. Мешајте додека не се добие еднолична смеса. Префрлете ја смесата во соодветен сад, додадете презла и сè добро измешајте. Од добиената смеса формирајте мали плескавички и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Ставете во фрижидер да отстои половина час. Во тавче загрејте масло, па пропржете ги плескавиците додека не добијат убава боја од двете страни. Извадете ги на хартиена крпа за да се исцеди вишокот масло, па послужете.

Пријатно јадење!