Направете плескавици од тиквички во рерна.
Состојки:
2 тиквички
100 гр сирење
2 јајца
50 гр кашкавал
3 супени лажици лебни трошки
1 мал кромид
малку лук
суви зачини, сол, бибер
1/2 лажичка прашок за пециво
Подготовка:
Тиквичките измијте ги и изрендајте ги во поголем сад.
Посолете и оставете да отстои 15 минути, а потоа исцедете ја течноста. Во тиквичките додадете ги сите наведени состојки, убаво измешајте.
Со лажица земете од смесата и ставете во форма на плескавица во тава обложена со хартија за печење.
Печете на 200 степени околу 15 минути.