четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Почна сезоната на мандарините, еве зошто треба да го јадете ова вкусно овошје

Почна сезоната на мандарините, еве зошто треба да го јадете ова вкусно овошје

Сезоната на мандарини почна, па лекарите и познавачите советуваат ова вкусно овошје да се јаде секој ден. Пред сѐ, затоа што се богати со витамините А, Б и Ц, со калиум, фолна киселина, магнезиум, калциум и железо,  а сето тоа го зајакнува имунитетот и штити од настинка и грип.

Доколку, пак, имате проблеми со варењето – само зголемете ја количината на мандарини. Тие помагаат и при стрес, бидејќи имаат опуштачко дејство врз нервниот, но и дишниот систем.

Ова овошје е добро и за срцето и за крвоточниот систем, бидејќи е богат извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок и го нормализира срцевиот ритам. Покрај тоа, мандарините содржат хранливи материи, кои спречуваат акумулација на лош холестерол во артериите, што инаку може да доведе до срцев удар.

Мандарината е благопријатна и за кожата – како домашна крема… Мандарината може да се додаде и во сладолед, желе, крем и џем. А, сокот од ова овошје е исклучително корисен и за на месо и риба.