Знаеме дека подготовката на месо без соодветна маринада не е баш најдобра
Рецепт за сува маринада
Потребни состојки:
½ чаша кафеав шеќер
¼ чаша мелен црвен пипер
1 лажица бибер
1 лажица сол
1 лажица чили во прав
1 лажица лук во прав
1 лажица црвен кромид во прав
1 лажичка кајен пипер
1 лажичка ким
Добро измешајте ги сите состојки, а потоа втријте ја смесата во месото и оставете да отстои најмалку 30 минути.