Потребно е:
околу 800 гр стар леб
150 мл млеко
500 мл јогурт
2 јајца
1 лажиче сол
1 лажица рендан пармезан
на врв на нож сода бикарбона
1 лажица путер, за премачкување на тавата
сусам, ким, ленено семе, по желба – за посипување
Подготовка:
– Лебот исечете го на мали коцки, постепено прелијте го со млеко и измешајте го со рака (кога смесата ќе стане тврда и мокра, престанете со додавање на млеко).
– Изматете ги јајцата и додадете ги јогуртот, солта, пармезанот и сода бикарбона. Матете додека да добиете хомогена смеса.
– Додадете го лебот и убаво измешајте за да се соединат сите состојки.
– Тавата во која ќе ја печете погачата убаво премачкајте ја со путер и распоредете ја смесата. Посипете со малку масло и на крај со сусам или пак со други семки, по желба.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути, додека убаво не порумени.
МИА