петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Покрај нив децата забораваат на тортата: Вака се прават домашни бомбици кои успеваат од прва!

Покрај нив децата забораваат на тортата: Вака се прават домашни бомбици кои успеваат од прва!

Роденденските забави се секогаш полни со предизвици и моменти кои се паметат цел живот. Децата тогаш уживаат во секој момент, а она без што не може да помине ниту еден важен момент е тортата.

За децата да бидат што позадоволни, родителите се трудат да подготват разни деликатеси.

Ви носиме докажан, одличен рецепт за домашни бомбици кои ќе ги направите веднаш, дури и ако никогаш порано не сте правеле.

Потребни состојки:

– 300 гр. мелени бисквити;
– 100 гр. мелени ореви или лешници;
– 100 гр. рендано чоколадо;
– сецкани желе бонбони (по желба);
– 150 гр. шеќер во прав;
– 125 гр. маргарин;
– околу 1 dcl. млако млеко.

За глазура:

– околу 200 гр. чоколадо;
– 2 лажички масти (да, масти, бидејќи тогаш чоколадото нема да испука);
– неколку лажици вода.

Покрај ова, ќе ви требаат и стапчиња, украсни трошки за декорација, подлога обложена со хартија за печење и парче подебел стиропор.

Подготовка:

Сите наведени состојки освен оние за глазурата ставете ги во еден сад.

Направете компактна маса, која ќе можете да ја обликувате со раце во убави топчиња. Кога ќе ги формирате топчињата, оставете ги во фрижидер да отстојат половина час, за малку да се стегнат.

Во тенџере ставете го чоколадото, водата и мастите и сè растопете на тивок оган. Сега секое стапче потопете го во глазурата, а потоа во садот. Потоа потопете го целото топче во чоколадото и држете го наопаку неколку секунди за да се исцеди вишокот.

Залепете го стапчето на стиропорот и посипете со украсни трошки. Доколку ви се стврдне глазурата, слободно ставете ја повторно на шпорет да се стопи.