Направете вкусно мезе со јајца за целото семејство
СОСТОЈКИ:
12 јајца
три лажици мајонез
шест кругови шунка
две лажици рендано сирење
лажица сенф
Подготовка:
Сварете ги јајцата и излупете ги. Оставете да се изладат, па внимателно исечете ги по должина. Жолчките испасирајте ги со виљушка, измешајте со шунката исечкана на ситни парчиња, сенфот, сирењето и мајонезот. Со оваа смеса наполнете ги јајцата и послужете ги како ладно предјадење.