сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ПОСНА ЧОРБА ОД ЛЕЌА: Готвено јадење кое е готово за кратко време, одлично заситува, а посебен вкус му дава една состојка

ПОСНА ЧОРБА ОД ЛЕЌА: Готвено јадење кое е готово за кратко време, одлично заситува, а посебен вкус му дава една состојка

Состојки:

250 гр леќа
1 кромид
2 моркови
1 лажичка сушено нане
1/2 лимон
сол, бибер

Подготовка:

Измијте ја леќата додека водата не стане чиста. Изрендајте го морковот, исечкајте го кромидот. Леќата ставете ја во тенџере со литар вода и кога ќе зоврие, процедете ја и прелијте со литар топла вода. Гответе половина час. На малку масло во тавче пропржете го кромидот и додадете го морковот. Се динста и се додава во сварената леќа. Промешајте, додадете зачини и нане, тргнете од шпорет и измешајте со рачен миксер. На крајот, додадете сок од лимон.